Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментов цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, а веќе следната недела очекува значајно намалување.
-Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката која што би требало да ја донесе РКЕ се однесува за минатата седмица. Според нашите калкулации, бидејќи престанува да важи кризната состојба, бидејќи договорот е постигнат, очекувам цените да се движат тука во рамките на половина денар и исти да останат кога станува збор за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините. А следната недела очекувам значајно намалување, бидејќи од денеска цените на берзите за нафтата и нафтените деривати, драматично опаднаа. Ги следев патувајќи кон Битола, се движат некаде околу 82,83 долари за барел. Така што следната недела очекувам поголемо и позначително намалување - истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени во Битола.
Премиерот додаде дека и понатаму остануваме земја која што има најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот.
-Тоа особено се чувствува тука во Битола. Има бензински станици каде што 50 проценти е зголемен прометот од страна на граѓаните од нашиот јужен сосед. Така што, овие три месеци, би рекол, прилично достоинствено ги издржавме. Во ниту еден момент не дозволивме да имаме каква било рестрикција на бензинските пумпи, не го ограничивме извозот, напротив, ги отворивме нашите порти за граѓаните од соседните земји да точат и кај нас горива - додаде Мицкоски.
Тој нагласи дека обезбедиле доволно количини на горива, по половина евро по просек по литар и повтори дека нашите горива беа поевтини од оние кај соседите.
Мицкоски додаде дека ако овој договор меѓу САД и Иран е финален и конечен и со него се става крај на оваа неколкумесечна војна, што ја предизвика најголемата енергетска криза во последниот милениумот, тогаш „можеме да бидеме прилично среќни и задоволни од тоа како се справивме во овие исклучително предизвикувачки времиња“
-Не очајувавме, не свикувавме панични прес-конференции, туку работевме и еве дојдовме до оваа цел - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
