Од полноќ дизелот поевтинува за 9, а бензините за 6,50 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во новите пониски цени ги вкалкулира изменетите акцизи и стапки на ДДВ.
Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.
Владата, пак, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата.
Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.
Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.
Ново на Сител
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
