Од ИПАРД 30 милиони денари за винарницата „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“ ја закоружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од ИПАРД. Вкупните вложувањата на „Тиквеш“ надминуваат 78 милиони денари, од кои преку европските фондови се обезбедени околу 30 милиони денари.
Како што беше речено денеска на прес-конференција во винарската визба „Тиквеш“, ова е прва инвестиција на винарија со ИПАРД средства.
- Ова е највисока индивидуална инвестиција исплатена во овој програмски период, се надевам дека во следниот програмски период кој треба да започне во есен ќе имаме и поголеми инвестиции. Се работи за модернизација на технолошкиот процес како и за опрема за мониторинг на квалитетот на виното. Исплатени се триесет милиони денари што претставува најголема инвестиција исплатена од ИПАРД програмата, изјави директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ.
Таа појасни дека е ова прва винарија која користи средства од оваа програма, а има и други кои се во фаза на договор и кои ги очекуваат средствата во наредниот период. Нагласи дека во вториот програмски период, генерално има поволности кои се наменети за сите корисници во однос на финансиските лимити, на капацитетите кои треба да ги имаат корисниците, како и во однос на она што го поседуваат како производствен капацитет. Лимитите, подвлече, се или комплетно тргнати или се зголемени.
Генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски информира дека вкупниот износ на инвестицијата од 80 милиони денари вклучува опрема за одржување и за пакување вино и најсовремена лабораториска опрема, во износ од 60 милиони денари и градежен дел за прилагодување на самите градежни објекти во износ од 20 милиони денари.
- Само со квалитет можеме да одиме напред во смисла на освојување на нови светски пазари, рече Илиевски.
Тој нагласи дека со овој износ и нефицијално заокружување на оваа инвестиција, вкупниот износ на инвестиции во изминатите 14 години се заокружува на 40 милиони евра. Најави дека веќе се разговара како низ програмите кои следат, да се обезбеди кофинансирање за модернизација и на останатите процеси не само во винаријата, туку и средства во лозови насади и сите останати дејности.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
