Од денеска до сабота облачно со повремен дожд

Под влијание на циклонска активност од среда до сабота на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Денеска врнежите локално ќе бидат над 25 l/m2 за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат 4 до 7, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 15 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне до 13 степени.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со денешните. Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
