ОЧИ КАКО ЦРНО МОРЕ
Некои погледи кријат надеж, други тајни, а оние очи како црно море - еден цел живот исполнет со болка и љубов. По враќањето во родното место, животот на младиот и чесен капетан Азил се менува засекогаш. Љубовта со Ѓунеш, одамна чуваните семејни тајни и откритието дека е наследник на моќно семејство, го вовлекуваат во свет на интриги, предавства и опасни пресметки.
Соочен со вистината за своето минато и со опасни непријатели кои демнат над семејството, Азил започнува немилосрдна битка да го зачува она што најмногу го сака. Растргнат меѓу семејната должност, забранетата љубов и сопствените морални принципи, тој ќе мора да одлучи дали ќе ја прифати моќта што му припаѓа или ќе остане верен на вредностите што го создале.
Во свет каде што крвта ја одредува судбината, а изборите го градат карактерот, неговата најголема битка ќе биде онаа за правдата, семејството и љубовта. Викенд драма од брегот на Црното море каде вистината има цена што може да промени сè.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
