-->
-->
Очекуван триумф на МЗТ Скопје во дуелот со Струмица
-->

Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром оствари очекувана победа во дуелот против Струмица. Во последниот натпревар од 3.коло на Првата лига,екипата на МЗТ Скопје како гостин ја победи Струмица со 77:95 по четвртини 16-31, 18-15 и 24-19.
Петмина кошаркари кај МЗТ Скопје постигнаа двоцифрен број на поени. Андреј Маслинко и Адеми Мекиќ псредбата ја завртшија со по 16 поени, Јордан Минчев и Даниел Јенсен постигнаа по 11, а капитенот Дамјан Стојановски еден помалку (11).
Кај домаќините најпрецизен со 17 поени беше ДАјхал Тајлер, додека Кевин Тајнс постигна 14.
За МЗТ Скопје ова беше втор триумф во трите одиграни натпревари, додека струмичани сеуште се немаат радувано на победа.
Во следното коло МЗТ Скопје пред својата публика го очекува амбициозниот тим на Блокотехна до Гевгелија кој е лидер на табелата со три победи колку што имаат и екипите на Работнички, Гостивар и Карпош Соколи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
