ОБСЕ со критика за изборите во Ерменија, регистрирано купување гласови

Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ги критикуваше изборите што во текот на викендот се одржаа во Ерменија, пренесоа британските медиуми.
Медиумите наведуваат дека ОБСЕ оцени дека на овие избори се забележени случаи на купување гласови и мешање во изборниот процес.
Во соопштението на ОБСЕ се наведува дека парламентарните избори во неделата биле добро организирани и дека основните права и слободи во најголема мера биле почитувани, но се додава дека изборите биле одбележени со организациски проблеми и мешање на партиските претставници во процесот на гласање.
ОБСЕ набележува дека биле забележени и притисоци врз јавната администрација, како и врз вработени во приватниот сектор.
Британските медиуми потсетуваат дека официјално се преброени сите гласачки ливчиња и дека владеачката Републиканска партија е победник на изборите со 49,12 отсто освоени гласови.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
