Ново рочиште за „Тенк“ на 29 јуни, до октомври закажани 25 рочишта
Следното рочиште за издвоената постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на СЈО „Тенк“ ќе се одржи на 29 јуни. Денешното судење за Јанкулоска беше одложено поради нејзино неприсуство во Судот, поради здравствени причини, односно „ризична бременост“.
Постапката на 29 јуни почнува одново, а денеска судијката Добрила Кацарска закажа 25 нови рочоишта до октомври годинава.
Во случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
За овој случај Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
