Нови машини за ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица

Општина Македонска Камница инвестираше три милиони денари во нова опрема за Јавното комунално претпријатие „Камена Рака“. Градоначалникот Дарко Митевски, денеска при ставањето во функција на машините, изјави дека биле неопходни за работа на ЈП Камена Река и дека со нивната примена значително ќе се подобри квалитетот на пружените услуги на претпријатието.
- Едната е градежна машина која ќе служи за изградба на водоводни и канализациски ситеми, но и за орджување на каналите во селските средини. Втората машина е за чистење на главните сообраќајници. Исто така, набавивме и машина за посипување сол и за одржување на патиштата во зимски услови. Се надеваме дека со оваа механизација, ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното претпријатие, рече Митевски.
Од оваа година, ЈП Камена Река има проширени надлежности, рече директорот Марјан Јангеловски.
-Оваа година Јавното претпријатие го доби и тендерот за зимското одржување на патиштата и се надеваме дека и наредната година ќе имаме помош од општината со што ќе ја зголемиме ефикасноста на работата, изјави Јангеловски.
До крајот на годината, Каменичка Река планира обнова на возниот парк и подобрување на услугите за граѓаните.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
