Нова градинка во населбата Радишани

Камен темелник за нова градинка во населбата Радишани денеска поставија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски.
Објектот ќе се гради во дворот на старата градинка „Ташко Караџа“ на вториот влез во населбата на улицата „Амди Демир“.
- Објектот треба да се изгради за шест месеци на над 450 метри квадратни. Градинката ќе има пет занимални со капацитет на згрижување 120 деца, истакна Спасов и додаде дека објектот ќе се гради со средства на општината, додека пак Министерството ќе ја превземе обврската за целосно опремување на градинката.
Приоритет на Министерството за труд и социјална политика, рече Спасов, и понатаму ќе биде отворање на нови детски градинки во сите општини на Македонија.
Според градоначалникот Латиновски, со изградба на новиот објект во населбата Радишани ќе биде решен проблемот, односно, како што рече, потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во градинките од населбата.
Новата градинка ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите. Изведувач на градежните работи е „Мега Скоп“ од Скопје, а за изградбата општината од буџетот обезбедила 11 милиони денари.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
