Кошарка
14. August 2017 - 14:44

Нов трет пораз на кадетите на Македонија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) го претрпеа третиот пораз на ЕП Б дивизија што се одржува во Софија. Денеска поуспешни од нив беа нивните врсници од Португалија кои славеа победа со 55:46 (13:8; 14:13; 10:13 и 18:12). Во неефикасен натпревар Португалците ги казнија грешките на македонските кадет, пред се неискористените контранапади кога беа правени почетнички грешки.
 
Португалија водеше во поголемиот дел од натпреварот, а на почетокот на вториот дел првпат поведе со двоцифрена разлика (31:21). Тоа како да беше знак за „мало будење“ на македонските кошаркари, кои во 35.минута изедначија на 41:41, но тоа беше се што сторија. До крајот на дуелот Македонија постигна само пет поени, а противникот 14.
Слабиот процент на шут од 25% (13/52) е секако главната причина за поразот. Ниту противникот не беше подобар ноимаше повеќе обиди (19/65) 29%.
На вториот дуел од 4.коло од групата Д Грузија го победи Луксембург со 77:38.
 
Вечерва се игра третиот дуел: Велика Британија - Косово. Утре Македонија од 19:30 часот ќе игра против селекцијата на Луксембург.
Табела: Грузија 3-1 (победи-порази), Португалија 3-1, Велика Британија 3-0, Македонија 1-3, Косово 1-2, Луксембург 0-4.