Нов Центар за деца со церебрална парализа во Скопје
Во Скопје се отвора нов Центар за деца со церебрална парализа. Како дел од социјалната реформа и инклузијата на децата со попреченост во заедницата, новиот дневен центар е изграден во рамки на Основното училиште „Киро Глигоров“, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, општина Центар и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.
-Грижата за општеството значи грижа за сите граѓани подеднакво. Една од целите на реформата што ја спроведуваме во изминатиот период е да обезбедиме поддршка за децата и семејствата на кои им е потребна и да ги вклучиме во активности надвор од домот. Социјалните сервиси како што е овој дневен центар, имаат опрема и обучен кадар да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство. Преку поврзување со другите системи на поддршка ја зголемуваме вклученоста на децата со попреченост во заедницата, изјави дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ при денешната посета на Центарот заедно со родителите и децата корисници на дневниот центар.
МТСП соопшти дека дневниот центар зафаќа 360 квадратни метри. Во него 30 до 40 деца ќе имаат можност да добијат третмани од специјални едукатори, логопеди, психолози и физиотерапевти и со тоа да ја подобрат својата функционалност, но и да дружат со другите деца од училиштето „Киро Глигоров“.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
