Норвежанец издаде „стихозбирка" од изјавите на Доналд Трамп

„Ги знаеме зборовите. Ги имам најдобрите зборови", рече во една прилика Доналд Трамп. Сега неговите зборови се собрани, речиси необработени, во „стихозбирка" издадена вчера во Норвешка, пренесе БТА.
- Она кое Трамп го говори е поблиску до поезијата и фантастиката, отколку до реалноста. Морничавото е што толку необмислена и слабо подготвена реторика му донесе победа на изборите, изјави за весникот „Афтенпостен“ авторот на книгата, Норвежанецот Крис Фелт.
Книгата неслучајно е насловена „Да ја направиме поезијата повторно голема" (Make poetry great again) и е составена исклучиво од изрази, крилатици, приречици и изјави во интервјуа и јавни говори на американскиот претседател на САД.
Да издвоиме само дел од „мудростите“ на Трамп, кажани на сметка на неговата ќерка Иванка пред десетина години:
„Реков,
Ако Иванка
Не ми беше ќерка,
Можеби
Ќе излезев со неа на состанок."
Според издавачката куќа, збирката чини 299 круни (32 евра) и има првичен тираж од 2.000 примероци, од коишто еден бил испратен и до Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
