Нормализиран сообраќајот на патот Демир Капија - Удово

Сообраќајот на патниот правец Демир Капија - Удово утрово е нормализиран, откако екипи на ЈП Макеоднија го расчистија каменот што падна на коловозот во близина на ресторанот „Белов“.
АМСМ информира дека поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Eкипите на ЈПМакедонијапат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.
На патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир кај с.Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1 км после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.
На регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Делчево – Берово кај с. Нов Истевник поради свлечиште сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 5- 6 метри.
На патниот правец Удово – Валандово поради излевање на Калковска Река има вода на коловозот која не е голема и се препорачува внимателно управување со возилата. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување и оспособување на коловозот.
На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковци под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.
На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек с.Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.
Ново на Сител
-

Европските пратеници денеска ќе расправаат за погребот на Ратко Младиќ во Србија
-

Американски судија ги блокираше ограничувањата на Трамп за времетраењето на визите за странски студенти и новинари
-

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции
-

Генерал Лафчиски на 29. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба
-

Бил Гејтс: Поради отпорот кон вакцинацијата, искоренувањето на сипаниците повеќе не е остварлива цел
-

Пентагон за првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран
-

Лагард: Европа мора да развие сопствена вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД или Кина
-

САД потврдија дека располагаат со оружени системи во орбитата
