Независни Грци нема да гласаат за име со вклучен термин Македонија
Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија. Оваа позиција, уште еднаш ја повтори портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописникот на МИА од Атина.
- Во однос на прашањето со Скопје, Независни Грци во никој случај, нема да гласа за решение што ќе го вклучува името „Македонија“ или изведените зборови во името на соседната држава. А причината е дека употребата на името „Македонија“ од Скопје го поттикнува нивниот иредентизам. Од друга страна се чини дека е многу тешко, па дури и неизводливо, скопскиот премиер господинот Заев да ги убеди заедниците што ја сочинуваат државата дека треба да има промена на името и Уставот, вели Пападопулу во интервјуто за АНА-МПА.
Портпаролката на Независни Грци додава дека Атина не е страната што брза за постигнување решение, а „Скопје и Албанија треба да сфатат дека Грција е клучната земја за нивна европска перспектива“
Ново на Сител
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
