Неверојатни работи на кои милијардерите трошат пари

Некои милијардери во потрага по луксуз ги трошат сите свои пари на начин, тешко сфатлив за останатите.
Така на пример, индискиот милијардер Мукеш Амбани побара за негова лична употреба во Мумбај да се изгради небодер од 27 ката. Изградбата на оваа зграда го чинела две милијарди долари.

Џоселин Валдстеин потрошила четири милиони долари само на пластични операции, што е повеќе од кој и да е друг на планетава.

Шеикот Хамад бин Хамдан ал нахјан побара на неговиот остров во песокот да се испише неговото име. Ова е најголемото име напишано на светот и е видливо од вселената.

Саудискиот принц Амир ал Валед бин Талал бин Абдул-Азиз за Мерцедес обложен со дијаманти платил 4,8 милиони долари.

Султанот од Брунеи своето потстрижување го платил 20.000 евра. Трошоците го вклучувале и летот со кој фризерот кен Модестоу стасал на Брунеите.

Ново на Сител
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
