Неопходно е воспоставување на закони и механизми кои ги штитат и поддржуваат правата на жените, порача Рокас на националната конференција „Заедно сме посилни“

Неопходно е да се воспостават закони и механизми кои ги штитат и поддржуваат правата на жените, вклучително и оние со попреченост. Европската унија ќе продолжи да работи заедно со властите, граѓанското општество, локалните заедници овде во Северна Македонија, за да се осигури дека ниту една жена, ниту една девојка, без разлика дали е со попреченост или не, ќе остане без да има еднакви можности, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во Велес на националната конференција „Заедно сме посилни“, во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Како што посочи Рокас во своето обраќање, изградбата на поинклузивно општество бара широк опсег на активности, од инвестирање во пристапна инфраструктура, до обезбедување еднаков пристап до образование, здравствена заштита, вработување или социјални услуги.
– Ова бара нашето колективно внимание и нашата акција да не остави никого зад себе. Во Европската унија, ние сме целосно посветени на унапредување на родовата еднаквост и обезбедување еднакви можности за лицата со попреченост. Изградбата на поинклузивно општество бара широк опсег на активности, од инвестирање во пристапна инфраструктура, до обезбедување еднаков пристап до образование, здравствена заштита, вработување или социјални услуги, до зајакнување на жените да учествуваат во процесите на донесување одлуки на секое ниво, рече Рокас.
За градење на поинклузивно општество, Рокас вели потребно е да се работи со Владата за трансформација на резиденцијалните институции во локални социјални и здравствени услуги за лицата со попреченост, како и поддршка на граѓанските организации да се во развојот на политиката за социјална и економска вклученост на лицата со попреченост.
– Ова значи да се работи заедно со Владата за трансформација на резиденцијалните институции во локални социјални и здравствени услуги за лицата со попреченост. Ова значи поддршка на граѓанските организации да се вклучат во развојот на политиката за социјална и економска вклученост на лицата со попреченост. Така ние ќе ги поддржуваме сите овие напори, денес и секој ден, да ја унапредиме родовата еднаквост и да им ги дадеме на жените со попреченост и од руралните области признанието, ресурсите и можностите што ги заслужуваат, подвлече Рокас.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
