Не знаев дали ќе преживеам: Познатата српска пејачка искрено за големата траума која и се случила

Популарната српска пејачка, Јелена Костов, проговори за непријатните ситуации кои ја следеле во текот на кариерата. Таа не крие дека таквите непријатности никогаш нема да ги избрише од сеќавањата.
- Доживував непријатни ситуации. Ние, кои се занимаваме со оваа работа, стварно гледаме се и сешто, кажа Јелена и додаде:
- Во сеќавањето секако ми останаа и работи кои не се ниту малку убави. Јас сум пречувствителна личност, некој случајно да ме турне на улица, јас тоа ќе го прифатам многу трагично. Во мојата работа алкохолот е чудо од тој прави потполно други личности од некои луѓе. Повеќе пати сум присуствувала на ужасни тепачки кои никогаш нема да ги заборавам… На некои ситуации каде просто гледаш и не веруваш што се случува. Секогаш си во некаков ризик, многу патуваме, на настапите има доста пијани луѓе, но и покрај тоа што е многу ризичен, јас велам дека ја имаме најубава работа на светот, кажа пејачката.
Таа признава дека во една прилика се исплашила за својот живот, но дека тоа сега за среќа е зад неа.
-Тоа беше ситуација во која стварно не знаев дали ќе извлечам жива глава. Беше, да не се повтори, кажа Јелена и не сакаше да навлегува во детали.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
