НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање е забележано намалување.
Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен раст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем дел од зголемувањата се должат на растот на денарските пласмани.
Меѓу одобрените кредити потрошувачките имаат забележан месечен раст од 1,1 отсто, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот раст кај потрошувачките е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кај автомобилските кредити продолжен е надолниот тренд, при што на месечно ниво намалувањето е 0,9 проценти, а 10,8 проценти годишно. Раст е забележан кај одобрените кредити на кредитни картички од 0,2 отсто на месечно ниво, но на годишно ниво има намалување од 0,5 проценти. Раст и на месечно и на годишно ниво од еден, односно од 4,5 проценти, има кај негативните салда на тековните сметки. Кредитите одобрени по други основи бележат намалување на месечно ниво од 0,6 проценти, а на годишно ниво раст од 1,5 отсто.
Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 отсто како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од НБРМ, го надминува растот на денарското кредитирање.
Според податоците на НБРМ, депозитите во јули бележат мало намалување од 0,1 процент при што падот на депозитите на домаќинствата го надминува растот на депозитите од корпоративниот сектор. На годишна основа депозитите се зголемени за 7,3 отсто, при поизразен приоднес на корпоративниот сектор.
Депозитите на домаќинствата бележат месечен пад од 0,4 проценти, главно заради месечното намалување на депозитните пари. На годишна основа депозитите на домаќинствата се повоски за 5,4 проценти, при раст и кај денарските и кај девизните депозити.
Депозитите на корпоративниот сектор бележат месечно и годишно зголемување од 0,6, односно 11,4 проценти. Најзначаен придонес имаат депозитните пари и краткорочните девизни депозити.
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
