НБА: Далас може и без Дончиќ

Далас Маверикси, без Лука Дончиќ, забележаа победа во Оклахома, 106:103. Оклахома со третиот пораз во последните пет натпревари „падна“ на осмата позиција на Западот. Лесни победи изминатата ноќ забележаа Голден стејт вориорс, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс и Сакраменто кингс.
Далас, со многу труд, извлече победа во Оклахома, чии играчи имаа два обида во последниот напад да стигнат до победата. Конечниот резултат го постави Рајан Брокоф од линијата за слободни фрлања.
Во отсуство на Дончиќ, на неговата позиција играше Трејк Брук, кој го предводеше тимот со 25 поени и осум асистенции. Ветеранот Дирк Новицки забележа седум поени и 13 скока.
Според праксата, најдобри кај Оклахома беа Пол Џорџ 27 поени, 11 скока, Стивен Адамс 20 поени, 15 скока и Расел Вестбрук кој го забележа 30 трипл-дабл во сезоната (25 поени, 11 скока, 11 асистенции).
Сакраменто Кингси забележаа победа во Сан Антонио 116:113. Во последните три минути Спарси имаа поен предност, но до крајот на мечот не поентираа, а примија осум кошеви.
Бади Хилд ги предводеше Кингси со 26 поени, а на спротивната страна се истакна Ламаркус Олдриџ со 27 поени и 18 скока. Добар мач кај Сакраменто одиграа Србите Богдан Богдановиќ (15 поени, 5 скока, 3 асистенции) и Немања Бјелица (10 поени, 6 скока).
Резутати:
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Лејкерс 102:130
Оклахома Тандер – Далас Маверикс 103:106
Сан Антонио Спарс – Сакраменто Кингс 106:113
Денвер Нагетс – Вашингтон Визардс 90:95
Голден стејт Вориорс – Шарлот Хорнетс 137:90
ЛА Клиперс – Мајами Хит 113:96
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
