Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента.
Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. - Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем. На кредитниот пазар и натаму има солидна кредитна активност, но банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, со задржана стабилност и отпорност на шокови. Тоа е видливо и преку ниската стапка на нефункционални кредити, којашто и натаму опаѓа, и преку солидната профитабилност - информира Народната банка.
Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот наведиваат дека е поддржана и од построгите макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Тие се во примена од крајот на претходната година, а во првото тримесечје од 2026 година се забележуваат првичните влијанија преку подобрата структура на новите кредити од аспект на кредитните стандарди применети од страна на банките.
- Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонела за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката - велат од Народната банка.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
