Народна банка ја намали основната камата

Се отвора простoр за намалување на каматите. Народната банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 проценти поени, односно од 2,50 на 2,25 отсто.
Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти.
Истовремено, сметаат од Народната банка, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.
Дополнителен простор оценуваат за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
