-->
-->
Наполи го купува Несторовски
-->

Наполи покажува сериозен интерес за услугите на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Напаѓачот на Палермо од почетокот на сезоната игра во голема форма и е единствената светла точка во тимот од Сицилија.
Наполи очајнички бара замена за повредениот напаѓач Аркадиуш Милик, а изборот на нивниот претседател Де Лаурентис е Македонецот Несторовски.
Де Лаурентис ќе се обиде трансферот да го реализира во јануарскиот преоден рок, поради што веќе стапил во контакт со првиот човек на Палермо Маурицио Зампарини.
Несторовски вниманието врз себе го привлече со одличните настапи и постигнатите седум гола во Серија А. Зампарини не е расположен да го продава својот најдобар играч, но контроверзниот претседател на Палермо е познат како „тврд преговарач“, додека ја постигне вистинската цена, а потоа попушта.
Сигурно е дека Зампарини ќе го продаде Несторовски доколку добие добра понуда, а според некои проценки таа би требало да изнесува не помалку од 10 милиони евра.
Несторовски оваа сезона пристигна во Палермо од хрватскиот Интер Запрешиќ за сума од 500.000 евра. На 13 натпревари има постигнато седум од десетте голови на Палермо во Серија А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
