Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари

Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари.
Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје.
Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес е учител и програмер на видеоигри. Тој во хотелот бил пријавен како гостин. Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и имал неколку ножеви.
По инцидентот тој е под полициски надзор во болница, каде му се пружа лекарска помош. Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница.
Откако Ален отворил оган, претседателот Доналд Трамп, првата дама Меланија се евакуирани, а 2.600 учесници на настанот почнаа да бегаат, а агентите на Тајната служба ги легна на под државниот секретар Марко Рубио и министрите за здравство Роберт Ф. Кенеди и министерот за внатрешни работи Даг Бургум.
Трамп по вооружениот инцидент изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.
-Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така, истакна Трамп по инцидентот на прес-конференција.
Сепак, Трамп претходно рече дека „никогаш не се знае“ дали нападот е поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.
Инцидентот го осудија премиерите на Канада и на Австралија, Марк Карни и Ентони Албанез и претседателката на Мексио, Клаудија Шајнбаум, оценувајќи го како чин на политичко насилство.
-Чувствувам олеснување в што претседателот, првата дама и сите гости се безбедни. Политичкото насилство нема место во ниедна демократија и моите мисли се со сите оние кои беа потресени од овој вознемирувачки настан, објави Карни на платформата Икс.
Албанезе ја пофали „брзата акција на Тајната служба и полицијата“.
-Добро е што претседателот Трамп и неговата сопруга се на сигурно … Насилството никогаш не смее да биде пат, изјави Шајнбаум.
МИА
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
