Нападнати и ограбени камионите со хуманитарна помош за Хаити

Неколку стотици жители на Хаити, ги нападнаа и ги ограбија камионите со хуманитарна помош, откако генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун претојуваше во оваа карибска земја, тешко погодена од ураганот „Метју“ во кој загинаа над 900 лица.
Околу 1,4 милиони луѓе имаат итна потреба од хуманитарна помош. Властите стравуваат од избувнувањето и на зараза од колера, откако на југот од Хаити, се регистрирани неколку сомнителни смртни случаи.
Во 2010 година, од смртоносна зараза избувна, по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над десет илјади лица.
Тензиите во Хаити се засилија последниве недели откако стана јасно дека доцни помошта од странство, иако десетици семејства се соочуваат со глад, затоа што ураганот им ги уништи сите залихи од храна и вода.
Според локалните медиуми, полицијата и мировните сили на ОН, употребиле солзавец за да воспостават ред во градот Лес Кајес. Овој град каде се случил грабежот на помошта од ОН, е најтешко погоден од ураганот.
Околу 120 илјадидомови се уништени или тешко оштетени од ураганот, што на 4 октомври помина преку Хаити, со брзина од 230 километри на час.
ОН побараа од меѓународната заедница помош од 120 милиони долари за настраданите во Хаити.
Ново на Сител
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
-

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“
-

Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават
-

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување
