Намален водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 1,74 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Нивоата, пак, на реките во земјава најчесто се исти како вчера или имаат благо зголемување или намалување. Најголемо зголемување на водостојот од 11 сантиметри во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување од 10 сантиметри има Црн Дрим кај Ложани.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
