Најверојатно висока севернокорејска делегација пристигна во Кина

Јапонските медиуми објавија дека вчера под силни безбедносни мерки, специјален севернокорејски воз пристигнал во Пекинг, што сугерира дека допатувала делегација на високи претставници на Пјонгјанг.
- Зелено-жолтиот воз многу наликува на возот со кој поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг-ил, пристигна во Пекинг во 2011 година, истакнаа дел од јапонските медиуми.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека не е информирана за посета на севернокорејска делегација.
Државните медиуми во Северна Кореја, исто така не информираа за патувањето на делегација во Кина.
Таквите наводи ги поттикнаа шпекулациите дека во Пекинг најверојатно пристигнал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Агенцијата Блумберг, повикувајќи се на три неименувани извори, објави дека Ким пристигнал во посета на Кина.
Се претпоставува дека тоа е негово прво патување во странство откако ја презеде власта во 2011 година.
Кина е еден од најважните сојузници на Северна Кореја, но односите се тензични поради развивањето на нуклеарно оружје и ракети со голем дострел од страна на Пјонгјанг.
Ново на Сител
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
