Најстудено утрово во Лазарополе

Најниска температура од -4 Целзиусови утрово е измерена во Лазарополе, -3 на Попова Шапка и Берово, -2 во Mаврови Анови и Битола, -1 Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор, 0 степени во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Kрушево, 1 во Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, а највисоките 4 степени Целзиусови се измерени во Гевгелија.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд 5 литри на квадратен метар наврна во Скопје-Петровец, 4 во Велес, 3 во Тетово, Прилеп, Тополчани, Попова Шапка и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Крушево и Маврови Анови, и по 1 литар во Охрид, Претор, Виница, Лазарополе и Пожаране. Највисока снежна покривка од 71 сантиметар има на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
