Најмалку 16 загинати во воздушен напад на руските сили врз сириската провинција Идлиб

Во воздушен напад на руските воени авиони врз сириската северозападна провинција Идлиб загинаа 16 лица, а повредени се повеќе од 35 лица, соопштија активисти и групите за следење на конфликтот, пренесе ДПА.
Бомбардиран е пазарот во градот Маарет ал-Нумаан, соопшти сириската Опсерваторија за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија.
Активистите наведуваат дека воените авиони извршиле неколку летови на пазарот, во центарот на градот.
Тие изјавија дека црниот чад се крева над центарот на градот и граѓаните се на улиците, плачат и бараат помош.
Бројот на жртвите најверојатно ќе биде поголем, наведува агенцијата, бидејќи некои од повредените се во многу сериозна состојба, додека многу други се уште се водат за исчезнати или заглавени под урнатините, соопштуваат очевидци на нападот.
Силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, поддржани од руската авијација, од крајот на април спроведуваат масовна кампања против бунтовниците во провинциите Хама и Идлиб, што важат за последните опозициски упоришта во земјата.
Во офанзивата досега се убиени 2.599 лица, од кои 707 биле цивили, а раселени се дополнителни над 300.000 лица, наведувата набљудувачите , а пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
-

Истражување: Секој трет Британец штеди на основни потреби
-

Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови
-

Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите
-

УЈП не воведува нов данок, туку спроведува постоечки закон, порача директорката Петрова
-

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“
