Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето

Поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, биле примени повеќе од 8300 повици, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Операторите на 112, посочуваат од ЦУК, работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици.
- И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби.
Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици. Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби - велат од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
