Над 18.000 деца во Романија живеат без своите родители кои заминале на работа во странство

Двајцата родители на 18.403 деца во Романија заминале на работа во странство, покажуваат податоците на Националната агенција за заштита на детските права, до средината на оваа година.
За 17.142 од овие деца се грижат нивните роднини, без мерки за заштита, додека останатите се под грижа на помошник, сместени се во специјализирани центри или други семејства или лица.
На 65.425 романски деца, само еден од родителите отишол да работи во странство. За 62.876 од нив, се грижат роднините до четвртиот степен без мерки за заштита, а за 1.558 се грижи помошник, сместени се во специјализирани центри или други семејства или лица.
Во исто време, 12.895 деца се од семејства со само еден родител, кој заминал во странство.Од нив, 11.498 останале дома под грижа на роднини до четвртиот степен.
Бројот на деца, кои се во системот за специјална заштита изнесува 3.931, од кои 580 се под грижа на асистент, 866 се сместени во специјализирани центри, 2. 237 - кај роднини до четврт степен, а 248 се под грижа на други семејства или лица.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
