Над 1.000 мигранти за три дена пристигнаа на Канарските острови

Повеќе од 1.000 мигранти од земјите од Субсахарска Африка пристигнаа на Канарските острови со 18 чамци во изминатите три дена, соопшти шпанската поморска спасувачка служба. Во еден од чамците било пронајдено мртво тело.
Архипелагот во близина на брегот на северозападна Африка доживеа нагло зголемување на миграциските текови во последните неколку недели, бидејќи сè повеќе Западноафриканци се решаваат за опасното патување по вода до шпанските острови. Според властите, само во јануари пристигнале 7.270 мигранти, што е колку за целата прва половина од минатата година.
Повеќето чамци поаѓаат од Мавританија. Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четврток ќе ја посетат западноафриканската земја за да ги повикаат тамошните власти да го ограничат бројот на мигранти што ја напуштаат нивната територија.
Шпанија и ЕУ склучија договори за соработка со Мавританија и соседниот Сенегал за намалување на миграциските текови кон Канарските Острови
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
