На регионалните и сенатските избори во Чешка мнозинство освои движењето АНО

Движењето АНО доминираше на регионалните и на првиот круг на изборите за една третина членови на Горниот дом - Сенатот, додека Социјалдемократите (ЧССД) кои досега имаа мнозинство во 14-те регионални области во земјата и во Горниот парламентарен дом го изгубија приматот.
АНО, чиј претседател е актуелниот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш победи во девет од 13 области каде се одржуваа избори, додека ЧССД водена од премиерот Бохуслав Соботка, освои мнозинство гласови во само две области, јави дописникот на МИА од Прага.
Во останатите области, предноста која ја имаа на претходните регионални избори здружените, ја задржаа здружените Градоначалници и Христијанската и демократска унија – Чехословачка народна партија (КДУ-ЧСЛ).
Досега, најсилната владина партија ЧССД имаше 11 регионални гувернери. Според изјавите на владините политичари и политиколозите, резултатите од изборите најверојатно нема да ја загрози понатамошната егзистенција на коалицискиот владин кабинет составен од ЧССД, АНО и КДУ-ЧСЛ.
Иако аналитичарите предвидуваат пораст на напнатоста со приближувањето на парламентарните избори кои ќе се одржат идната година.
АНО беше успешна и во трката за една третина од составот на Сенатот, нејзините претставници влегоа во вториот круг во 14 изборни единици, КДУ-ЧСЛ и ЧССД во осум, опозициските граѓански демократи ОДС во четири.
За 27 места во Горниот дом ќе се одлучи идниот петок и сабота, на 14 и 15 октомври, но според сегашните резултати владината коалиција ќе ја задржи предноста, бидејќи за тоа и беа потребни шест сенатори.
Социјалдемократите не го криеја разочарувањето од губењето на поддршката од избирачите и според Соботка народот одлучи по 8 години дека сака промени во водењето на регионите. Бабиш изјави дека сега е важно како ќе се формираат постизборните регионални коалиции.
Ново на Сител
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
-

СП 2026: Ноер се повлекува од репрезентацијата по Мундијалот
-

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
-

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор
-

АХВ работи на нова одлука за надоместоците на ветеринарните друштва, тие се жалат дека се во тешка финансиска состојба
-

Секој петти Европеец страда од ментално заболување
