На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено

Најстудено утрово е на Попова Шапка и Лазарополе, - 1 степен, а потопло е во Скопје - Петровец и Демир Капија, каде се измерени 8 степени целзиусови.
Еден степен измерен е во Маврови Анови, 2 во Берово, 3 во Крушево, Битола, 4 во Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Виница, Штип, 7 во Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија.
Во Крива Паланка се измерени 9 литри наврнат воден талог, 7 во Виница, 3 во Струмица, 2 во Берово, Штип и 1 литар во Велес, Пожар – Радовиш и Претор.
На Попова Шапка во 7 часот се измерени 23 сантиметри висина на снежна покривка.
Времето денеска е променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²).
Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе се задржи и преку ноќта.
-Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени, соопштија од УХМР.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
