На Европа и се заканува нов мигрантски бран од Африка

Околу 15 милиони луѓе се подготвени до 2020 година да тргнат на драматичен пат преку Средоземно Море за да стигнат до ветениот Стар континент, се наведува во документот на австриската воена тајна служба, што ќе биде претставен следната недела.
Австриското воено разузнавање предупредува дека Нигерија, Демократска Република Конго, Судан и Етиопија се четирите држави од кои се очекува најголем миграциски бран кон Европа.
Во последните три години околу 550.000 Африканци побарале азил во земјите-членки на Европска унија. Најголемиот број се од Еритреја, Нигерија и Сомалија, а потоа следат Гамбија, Мали и Алжир, како и Судан, ДР Конго, Гвинеја и Сенегал, наведува германскиот весник „Билд“ кој имаше увид во документот на австриското воено разузнавање.
Бегалците од Еритреја и од Сомалија имаат право на азил, бидејќи доаѓаат од воени подрачја, а другите се евидентирани како економски мигранти.
- Бројот на африкански бегалци значитечно ќе се зголеми, ако ЕУ финансиски не ги поддржи погодените земји и не ја промени својата политика кон барателите на азил кои се економски мигранти, се наведува во документот.
Во извештајот на австриското воено разузнавање се посочува и дека поради големиот прилив на азиланти од Африка значително ќе се смени односот на ЕУ кон економските мигранти, како и оти ќе биде неопходна подобра контрола на надворешните граници на Унијата и воведување на модел за протерување на тие на кои им е одбиен азилот.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
