На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор.
Основното јавно обвинителство - Скопје предложило да се замени мерката притвор со куќен притвор и одземање на патната исправа за поранешниот вицепремиер Артан Груби, осомничен во предметот за Државната лотарија.
-На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана, велат од Обвинителство.
Од таму објаснуваат дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
-По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство, велат од Обвинителство.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
