-->
-->
МЗТ Скопје подобар од Партизан
-->

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа победа над Партизан во натпревар од регионалната АБА лига.
На средбата од 16.коло одиграна попладнево во СЦ Јане Сандански во Скопје, македонскиот шампион забележа победа над Партизан со 82:78.
Урош Луковиќ со 20 поени (имаше и 8 скокови) беше најефикасниот во редовите на Аеродромци, за кои Дреновац реализира 17, а Дамјан Стојановсkи беше стрелец на 12 поени (сите со удар за три 4/5).
Ова е седма победа за МЗТ Скопје (трета во низа) со која се проби на шестото место на табелата.
Покрај овој меч вечерва играат Сутјеска – У. Олимпија и Игокеа - Металац. Вчера Цибона загуби од Цедевита со 69:81, а по две продолженија Крка го победи Тајфун со103:96. Колото ќе се комплетира утре со мечевите, Црвена Звезда - Задар и Мега - Будуќност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
