-->
-->
МЗ: ЕК го прогласи нашиот дигитален сертификат за вакцинација за еквивалентен на сертификатот на ЕУ
-->

Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.
Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против Ковид-19 одобрени од ЕУ.
Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од Република Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.
Одлуката на Европската комисија е признание за Република Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
