МЗ: Чесно е Димитров да каже дека на повеќето седници за ковид мерките тој не присуствуваше
Од Министерството за здравство велат дека се изненадени од како што велат, непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид пандемијата.
„Вицепремиерот денеска на пресконференција истакна дека неговите позиции во Владата „во однос на колегите биле различни на многу теми, како и приодот и мерките против пандемијата“. Чесно е Димитров, да каже дека на многу седници на ГККШ или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше, туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците пак беа „удостоени“ со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на Ковид 19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите.
Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството. Од Ковид 19 сите трпиме последици, дури и државите кои имаат најорганизиран систем, затоа е важно како ќе реагира секој поединец и како ќе ја разбере својата улога во општетсвото. Оттука неразбирливи се причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови“, стои во соопштението на МЗ.
Ново на Сител
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
