МВР: Стабилна е безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа

Стабилна е безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Во изминатото деноноќие на целото подрачје на двете општини каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти и нема сообраќајни незгоди, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
На терен, како што се наведуваат во соопштение, продолжуваат мерките што полициските службеници ги преземаат согласно оперативниот план, вршат обиколка низ централното градско подрачје и приградските населби, ги контролираат угостителските и другите јавни објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници) и се грижат за доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на коронавирусот.
Од МВР информираат дека непречено се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа.
-Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.
Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
