-->
-->
МВР со детали за сообраќајката кај Рузвелтова
-->

Вчера во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко, соопштуваат од МВР.
Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.
Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
