Муцунски го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Пармелан

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
-Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова - напиша министерот Муцунски на Фејсбук.
Посетата, како што посочува Муцунски, претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка.
По пречекот, како што информирата од Кабинетот на претседателката, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.
По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Ги Пармелан ќе оствари средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
