Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот
Специјални единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот, кој утрово уби еден човек и рани тројца.
Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот е пронајден и приведен, а од објектот веќе не се слушаат истрели.
Претходно, портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи Јути Титов соопшти дека специјални единици дејствуваат во зградата и оти била покрената операција на чистење. Тој потенцираше дека во фабриката нема заложници.
- Во овој момент, едно лице е убиено, а немаме податоците за повредени, прецизира Титов.
Поранешниот сопственик на фабриката Илија Аверјанов се забарикадира утрово во фабриката, од каде истрела неколку куршуми, при што уби едно, а повреди три лица. Според дел од медиумите убиениот е поранешен сопственик на фабриката, а според други извори, станува збор за припадник на обезбедувањето.
„Комерсант“ наведува дека фабриката на еден од доверителите му должела околу два милиони евра. Бил склучен пријателски договор, според кој, поранешниот сопственик требало да ја предаде зградата како порамнување на долгот, но тоа не се случило. Аверјанов отворил оган кога пристигнал извршител.
Ново на Сител
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
