Москва го возраќа ударот: Фаќај го Петар Велики, а не Пикачу

Руската Влада развива апликација „Откриј ја Москва“, како пандан на американската игра „Покемон Го“, но наместо мали чудовишта на улиците на руската престолнина ќе може да се бараат историски личности и споменици.
Оваа нова апликација за паметни телефони, на која се уште се работи, ќе функционира како и „Покемон Го“, меѓутоа ќе ги пребарува улиците и парковите во потрага по ликови, кои за разлика од Покемон, ќе бидат проектирани во современата 3Д технологија на виртуеланата реалност.
Исто така, според руските власти, таа ќе има и едукативна и рекреативна цел.
Московските власти, како што се наведува сакаат да го намалат влијанието на Западот, така што ќе креираат сопствена верзија на популарната технологија.
- Целта е програмата на модерната технологија на виртуелната реалност да се искористи за да се сврти вниманието кон богатото културно наследство, а на жителите на Москва да им даде причина повеќе да шетаат, соопшти московското Одделение за информатичка технологија.
На листата личности, кои меѓу останатите ќе се најдат во оваа руска игра се Петар Велики, Иван Грозни, Јуриј Гагарин, Александар Пушкин, Петар Чајковски.
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
