Могерини: Воспоставување мир во Сирија нема да ја спречи бегалската криза

Европската унија ќе биде соочена со голем миграциски бран дури и доколку по некое чудо меѓународната заедница успее да стави крај на конфликтот во Сирија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јави ДПА.
- Да не се самозалажуваме. Денес во центарот на вниманието е Сирија со четири милиони бегалци во странство и осум милиони раселени лица на нејзина територија. Освен Сирија сепак во цел свет има војни, глад, сиромаштија, истакна Могерин за италијанскиот весник „Република“.
- Дури и доколку се случи чудо и утре да го решиме сирискиот проблем, Либија ќе остане отворен и неконтролиран коридор кон Европа, се додека не успееме да ја вратиме стабилноста во таа земја. А освен Либија, тука е и цела Африка, рече таа.
Могерини нагласи дека ЕУ треба да биде подготвена да ги реформира правилата за доставување азил преку квалификувано мнозинство, како што стори оваа недела кога ја донесе одлуката за прераспределување на 120 илјади кандидати за азил, надминувајќи ги спротивставувањата на Чешка, Унгарија, Романија и Словачка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
