Митинг на коалицијата ВМРО за Македонија во Кочани

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва одржа митинг во Кочани на кој беше претставена програмата на коалицијата и носителот во третата изборна единица, Стојанче Ангелов.
Осврнувајќи се на програмата во делот на економијата, Ангелов рече дека нивните основните заложби се проблемите на полицијата, бранителите и Армијата да бидат решени во целост. Тој посочи дека по изборите треба да се организира попис за да се види состојбата со населението во државата, а остро се спротивстави на воведувањето двојазичност во државата.
Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски ги повика членовите на коалицијата ВМРО за Македонија на 11 декември да не се плашат и да излезат да гласаат за тие кои им нудат просперитет во државата.
- Како автентични вмровци сакаме да не води Љубчо Георгиевски се со цел да го вратиме ВМРО на вас и да ја вратиме Македонија на Македонците, затоа што ние знаеме за каква Македонија се бориме, рече Бошковски.
Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски пред кочанчани зборуваше за успесите што ги направила неговата партија во времето кога тие биле на власт, а најави и сет мерки за граѓаните. Посочи дека нудат либерализација на македонските фирми.
- Наплатата на ДДВ да се врши по наплатата на фактурите, а купувањето на автомобили да биде без ДДВ, рече Георгиевски.
Тој се осврна и на просперитетот на македонските села, при што истакна дека секое село според нивниот проект, треба да биде општина, проект кој постои во цела Европа и дава одредени резултати.
- Целта на нашата коалиција е да освоиме меѓу 15 и 25 пратеници за да добиеме контрола на левицата и десницата, да бидеме баланс во Парламентот. ВМРО за Македонија како коалиција е гордост за цела Македонија, додаде Георгиевски.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
