Мите Стефоски избран за претседател на Советот на Општина Струга

Мите Стефоски од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со 14 гласа за и 9 против денеска е избран за претседател на Советот на Општина Струга. Покрај советниците од матичната партија, поддршка на Стефоски му дадоа советниците од ВЛЕН, независната листа на поранешниот градоначалник Рамис Мерко и советникот на Левица. Против гласаа советниците на коалицијата НАИ и на СДСМ.
Заблагодарувајќи се за поддршката, Стефоски кажа дека ќе се води по принципот дека можеби нема да се согласува со мислењето на сите, но ќе се бори секој да го каже својот став.
- Честа и одговорноста е преголема да бидам претседател на Советот на Општина Струга. Работата во Советот ќе биде согласно законите и деловникот и очекувам дека во конструктивна работа ќе успееме да ги озакониме сите добри предлози и иницијативи и сите заеднички да работиме на просперитетот и напредокот на општина Струга, рече Стефоски.
Тој нагласи дека соработката на власта и опозицијата е нужна и оти заеднички ќе изнајдат начин сите иницијативи да поминат низ Советот и да бидат вградени во оние програми кои дополнително ќе следат.
Советот на Општина Струга имаше три неуспешни обиди да изгласа претседател. Четири годишниот мандат го претставуваат 23-ца советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО - ДПМНЕ, четворица од ВЛЕН, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
