Минатата недела зголемен бројот на новозаболени, починати и оздравени од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 29 март до 4 април тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од пет отсто споредено со минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5 отсто), со неделна инциденца – 572,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во Подрачната единица Кавадарци.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21 до 35,2 отсто или во просек 29,3 отсто, со зголемување за 1,7 отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=1.422; 17,9 отсто), од 30 до 39 години (n=1.414; 17,8 отсто), од 40 до 49 години (n=1.313; 16,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=917; 11,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=94; 1,2 отсто) и од 10 до 19 години (n=381; 4,8 отсто).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40 до 49 години, четири лица од 30 до 39 години и едно лице од 20 до 29 години.
На 17 февруари во државава почна вакцинацијата против Ковид-19. Заклучно со 4 април вкупно се вакцинирани 7.009 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 4.413 (3.805-Pfizer/Biontech и 608- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против Ковид-19. Од 31 март почна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 4 април вакцинирани се 1.968 лица.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
