Мицкоски: Вакцини против Ковид-19 мора да бидат набавени час поскоро

Тврдењето на висок владин претставник дека во државата не се донесени вакцини за да не се тестираат на македонските граѓани, е тотално апсурдно и вон здравиот разум, бидејќи додека граѓаните на околните земји се вакцинираат, македонските чекаат вакцини, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 телевизија.
– Тврдеше дека вакцините можеле да ги донесат, но не ги донеле поради тоа што потоа граѓаните би велеле дека се предмет на тестирање, односно дека врз нив се испробуваат нетестирани вакцини. Таквото тврдење е апсурдно и несериозно за еден политичар, кој наместо да обезбеди вакцини за сопствениот народ, својот неуспех го прикажува како успех и манипулира со граѓаните, додаде Мицкоски.
Тој оцени дека Владата не треба да се споредува со земји кои не се членки на ЕУ и не добиле вакцини, туку нека се спореди со оние држави кои не се членки на ЕУ, а сепак кај нив отпочна вакцинацијата.
– Најблизок таков пример е Србија. Граѓаните имаат сериозна потреба од вакцините и тие мора да бидат набавени час поскоро, а не да слушаме на телевизија приказни за мали деца, изјави Мицкоски.
Според него, земјава се уште се соочува со пандемијата и секојдневно бележи бројки кои што не се за занемарување, туку напротив укажуваат на фактот дека вакцините се неопходни.
– Политичарите од власта нека ги засукаат ракавите и нека смислат како да ги донесат вакцините во државата и вакцинацијата да отпочне, бидејќи и онака доцниме веќе неколку месеци, додаде Мицкоски.
Тој изјави дека СДСМ треба да знае оти на ВМРО-ДПМНЕ му недостасуваат само два пратеници за да ја урне сегашната Влада, а само три пратеници за ја да превземе власта.
– ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ги следи процесите во Собранието и вон него, а СДСМ нека биде уверен дека им следи пеколен период во 2021 во која ќе треба да се соочат со многу работи, изјави Мицкоски, додавајќи дека можеби во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ нема толку многу да протестира, бидејќи таа улога ќе му ја препушти на СДСМ, кој, според него, може многу брзо да премине во опозиција.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
