-->
-->
Мицкоски: Лидерската средба со Заев в недела
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека в недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и дека на неа ќе се зборува за три клучни прашања – претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство.–Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија, изјави Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа.
Според Мицкоски, фер избори се задолжителни и предуслов дали Македонија е општество кое треба да биде дел од ЕУ. Притоа упати забелешка дека власта ги нарушува условите за фер избори преку нови вработувања, трансфери на пари и потпишување договори за закуп на земјоделско земјиште во предизборниот период.
За СЈО посочи дека не само што не ги оправдало очекувањата, туку целосно ги разочарало, и оти за него поважно било тоа што „проектот Катица Јанева и нејзината дружина, со исклучок на неколкумина, е комплетно завршена приказна
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
